Турската пливачка репрезентативка Мерве Тунџел го собори светскиот младински рекорд

Турската пливачка репрезентативка Мерве Тунџел го собори светскиот младински рекорд на 1500 метри слободно жени на куса патека со резултат од 15:45:29

1550522
Турската пливачка репрезентативка Мерве Тунџел го собори светскиот младински рекорд

Турската пливачка репрезентативка Мерве Тунџел со резултат од 15:45:29 1500 метри слободен стил жени на куса патека го собори светскиот младински рекорд.

Според објавеното соопштение од Федерацијата за пливање на Турција, на меѓуклупскиот шампионат Арена на кратки патеки за млади и отворена возраст на Турција којшто продолжува во Истанбул, Мерве Тунџел стана нова сопственичка на светскиот младински рекорд.

Пливачката репрезентативка која настапува за Клубот ЕНКА со постигнатиот резултат од 15:45:29 на 1500 метри слободно на натпреварите во пливање поединечно кадети, го собори светскиот младински рекорд на кратка патека.

Мерве Тунџел го собори светскиот рекорд со резултат од 15:54:69 што како последно беше поставен во 2013 година од страна на австралиската пливачка Челси Губечка.

Министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу и честита на Мерве Тинџел за постигнатиот успех.



Слични вести