Турција на Европското првенство во уметничка гимнастика мажи во Мерсин освои 8 медали

Турските спортисти на Европското Европското првенство во уметничка гимнастика мажи што се одржа во Мерсин освоија вкупно 8 медали од кои 2 златни, 2 сребрени и 4 бронзени

1544817
Турција на Европското првенство во уметничка гимнастика мажи во Мерсин освои 8 медали

Турската репрезентација на Европското првенство во уметничка гимнастика мажи што се одржа во Мерсин освои вкупно 8 медали од кои 2 златни, 2 сребрени и 4 бронзени.

На првенството коешто започна на 9 декември во Олимписката сала за гимнастика, турските гимнастичари репрезентативци својот прв медал го освоија на финалните натпревари во екипна конкуренција во категоријата сениори што се одржаа вчера.

Турската репрезентација во уметничка гимнастика составена од Умит Шамилоглу, Ферхат Ариџан, Ибрахим Чолак, Ахмет Ондер и Абделрахман Елгамал настапија на алатки партер, кругови (алки), вратило, паралелен разбој, коњ со рачки и прескок (коњ без рачки).

Турските гимнастичари и покрај тоа што Абделрахман Елгамал поради повреда извесно време беше надвор од игра, освоија вкупно 244.793 поени и веднаш по првопласираната Украина го освоија второто место и се закитија со сребрен медал.

На финалните натпревари коишто се одржаа вчера во категоријата за јуниори Мерт Ефе Киличер со перформансот на алатката вратило со освоени 12.933 поени го освои второто место и се закити со сребрен медал, а на паралелен разбој  со освоени 13.266 поени освои бронзен медал.

Бора Тархан со настапот на алатката кругови (алки) со освоени 13.000 поени го освои третото место и се закити со бронзен медал.

Младиот гимнастичар со настапот на алатката прескок (коњ без рачки) исто така освои 14.016 поени и го освои својот втор бронзен медал.

Турскиот гимнастичар репрезентативец Ибрахим Чолак пак, кој на Светското првенство во уметничка гимнастика што се одржа во 2019 година во Германија стана светски шампион, својот извонреден перфорамсн го продолжи и на Европското првенство во уметничка гимнастика мажи во Мерсин.

Ибрахим Чолак со настапот на алатката кругови (алки) освои 15.000 поени и освојувајќи го првото место повторно се закити со златен медал.

Од 17 до 20 декември во Мерсин ќе се одржи и Европското првенство во уметничка гимнастика жени.

 



Слични вести