Турските борачи на Светскиот поединечен куп во борење во Белград, Србија освоија 2 медали

Турските борачи на Светскиот поединечен куп во борење во Белград, Србија освоија 2 медали и тоа Шереф Килич во категоријата до 55 килограми грчко-римски стил сребрен медал и Џенгиз Арслан во категоријата до 72 килограми бронзен медал

1544828
Турските борачи на Светскиот поединечен куп во борење во Белград, Србија освоија 2 медали

На Светскиот поединечен куп во борење што се одржа во Белград, во Србија, турскиот борач репрезентативец Шереф Килич освои сребрен медал, додека турскиот борач репрезентативец Џенгиз Арслан освои бронзен медал.

Турскиот борач репрезентативец Шереф Килич во категоријата до 55 килограми грчко-римски стил, во финалниот меч за златен медал се бореше против рускиот борач Емин Нариманович.

Притоа Шереф Килич изгуби од својот руски противник со резултат од 8:0 и освојувајќи го второто место на првенството се закити со сребрен медал.

Турскиот борач репрезентативец Џенгиз Арслан пак, во категоријата до 72 килограми на мечот за третото место се бореше против молдавискиот борач Валентин Петиџ.

Турскиот борач Џенгиз Арслан го победи својот противник со резултат од 5:1 и освојувајќи го третото место се закити со бронзен медал на Светскиот поединечен куп во борење што се одржа во Србија.



Слични вести