Турската машка одбојкарска репрезентација сите свои натпревари за ЕП 2021 ќе ги одигра во Скопје

Откако Данска се повлече од организацијата во чии рамки ќе требаше да биде домаќин на првиот дел од натпреварите во Групата „Ц“, е соопштено дека и двата турнири ќе се одржат во Скопје во Северна Македонија во периодот 11-16 јанаури 2021 година

1540306
Турската машка одбојкарска репрезентација сите свои натпревари за ЕП 2021 ќе ги одигра во Скопје

Турската машка одбојкарска репрезентација сите свои натпревари од квалификациите за Европското првенство во одбојка 2021 ќе ги одигра во Скопје, главниот град на Република Северна Македонија.

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) соопшти дека поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се направени некои измени во квалификациите за Европското одбојкарско првенство 2021 кое ќе се одржи во јануари.

Откако Данска се повлече од организацијата во чии рамки ќе требаше да биде домаќин на првиот дел од натпреварите во Групата „Ц“, е соопштено дека и двата турнири ќе се одржат во Скопје во Северна Македонија во периодот 11-16 јанаури 2021 година.

Во фазата на групните натпревари коишто се утврдени според редоследот на европските земји, Турција во групата „Ц“ ќе се натпреварува со Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Турската машка одбојкарска репрезентација сите свои натпревари од квалификациите за Европското првенство ќе ги одигра во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Програмата на натпреварите на Турција во Групата „Ц“ е вака:

12 јануари, 2021 година

Босна и Херцеговина-Турција во 20:00 часот (по турско време)

13 јануари, 2021 година

Турција-Северна Македонија во 20:00 часот (по турско време)

15 јануари, 2021 година

Турција-Босна и Херцеговина во 20:00 часот (по турско време)

16 јануари, 2021 година  

Северна Македонија-Турција во 20:00 часот (по турско време)

На крајот на квалификациите од Европското првенство во одбојка коешто ќе се одржи со два одделни турнири, репрезентациите кои по групните натпревари ќе се пласираат на првото место и најдобрите 5 второпласирани репрезентации ќе се стекнат со право за учество на финалните натпревари на Европското првенство во одбојка за мажи 2021, во заедничка организација на 4 земји, Полска, Чешка, Естонија и Финска.



Слични вести