Турција домаќин на квалификациите за Европските кошаркарски првенства за жени 2021 и мажи 2022
Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ги соопшти земјите домаќини кои се одредуваат за групните натпревари на турнирите во февруари 2021 година на ниво на национални репрезентации

Турција ќе биде домаќин на две групи на квалификациите за Европското кошаркарско првенство за жени 2021 (EuroBasket 2021) и Европското кошаркарско првенство за мажи 2022 (EuroBasket 2022).
Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ги соопшти земјите домаќини кои се одредуваат за групните натпревари на турнирите во февруари 2021 година на ниво на национални репрезентации.
Според тоа, натпреварите во Групата „Д“ од квалификациите на „EuroBasket 2022“ на екипата на тјрската машка кошаркарска репрезентација ќе бидат одиграни во Турција.
Исто така Турција ќе биде домаќин и на натпреварите во Групата „Е“ од квалификациите на „EuroBasket 2021“ на екипата на турската женска кошаркарска репрезентација.
Од друга страна, Европското кошаркарско првенство на ФИБА под 18 години чиј домаќин ќе биде градот Конја е закажано за 31 јули-8 август 2021 година.