Погребан легендата на фудбалот Диего Армандо Марадона

Легендата на фудбалот Диего Армандо Марадона беше испратен во неговиот вечен дом со погребна церемонија на која учествуваа само членовите на неговото семејство, неговите роднини и блиски пријатели

1535384
Погребан легендата на фудбалот Диего Армандо Марадона
Diego Maradona 5.JPG
Diego Maradona 4.JPG
Diego Maradona 3.JPG
Diego Maradona 1.JPG
Diego Maradona  2.JPG

Аргентинската фудбалска ѕвезда, легендата на фудбалот, Диего Армандо Марадона е погребан на гробиштата „Белла Виста“ во близина на Буенос Аирес, до неговите родители.

Марадона беше испратен во неговиот вечен дом со погребна церемонија на која учествуваа само членовите на неговото семејство, неговите роднини и блиски пријатели.

Посмртните останки на Марадона на гробиштата на оддаелечност од 30 километри од аргентинскиот главен град Буенос Аирес беа однесени со долг конвој составен од негови обожаватели и во придружба на безбедносните сили.

Овде Марадона беше погребан до неговите родители.

Легендата на фудбалот Диего Армандо Марадона кој на 30 октомври го славеше својот 60-ти роденден, почина на 25 ноември во неговиот дом во градот Тигре, во провинцијата Буенос Аирес.



Слични вести