Светскиот фудбал во жалост... Почина легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона

Аргентинскиот фудбалер Диего Армандо Марадона, легендата на светскиот фудбал, кој своето име го запиша со златни букви во историјата на фудбалот, почина од срцев удар на 60 годишна возраст

1534456
Светскиот фудбал во жалост... Почина легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона
maradona 5.JPG
maradona pele.JPG
maradona 4.JPG
maradona 2.JPG
maradona 3.JPG

Светскиот фудбал го изгуби според многумина едниот од најголемите талентирани фудбалери на сите времиња.

Диего Армандо Марадона, аргентинскиот фудбалер легендата на светскиот фудбал, кој своето име го запиша со златни букви во историјата на фудбалот, почина од срцев удар на 60 годишна возраст.

Марадона починал во својот дом, во Тигре, во Аргентина.

Диего Армандо Марадона се опоравуваше од операцијата на мозокот на која беше подложен на почетокот на овој месец.

Зад себе остави еден колоритен живот... И понекогаш остави приказна за успех на врвот, а понекогаш на дното...

Легендата на светскиот фудбал,пред кусо време на почетокот на овој месец беше опериран поради тромб во мозокот и долго време беше хоспитализиран во болница.

Диего Армандо Марадона чија фудбалска кариера е испонета со врвни успеси и скандали е роден е роден на 30 октомври 1960 во Вила Фиорито, Буенос Аирес, во Аргентина.

Стана светски првак на Мундијалот во Мексико 1986 година и еден од најдобрите и најпопуларни фудбалери на сите времиња.

Играше за Бока Џуниорс, Барселона, Наполи и Аргентина, а за време на својата 21. годишна кариера постигна вкупно 346 голови на 679 натпревари. Неговата кариера беше обележана и со скандали, главно поради користење кокаин.

Марадона својата фудбалска кариера ја започна во Бока Џуниорс, а потоа во 1982 година за ракордна сума замина во Барселона кадешто 2 години го носеше дресот на каталонската екипа.

Потоа потпиша договор со Наполи и таму стана легенда.

Го запиша своето име како единствен фудбалер кој на два пати собори рекорд по сумата на трансфер.

Со дресот на Наполи Марадона на два пати ја освои шампионската титула на Италија, а беше ѕвезда на Светскиот куп (Мундијалот) во Мексико во 1986.

Аргентина,освојувајќи го Мундијалот стана број 1 на светскиот фудбал, а трофејот се издигна во рацете на Марадона.

Воедно и четвртфиналето на Мундијалот во 1986 во Мексико, оној незаборавен натпревар што се одигра помеѓу Аргентина и Англија беше едниот од посебните мигови за Марадона кој остана и ќе остане запаметен по двата постигнати гола „Божјата рака” и „Голот на векот”.

Диего Армандо Марадона кој против Англија, го постигна ѝ едниот од најубавите голови ѝ едниот од најдискутабилните голови на сите времиња, особено со голот којшто потоа го нарече „Божја рака“ долги години го запоседна целиот свет, а продолжува да се зборува дури и денеска.

Вториот гол на аргентинската ѕвезда со кој ги потресе англиските мрежи пак, беше со посебна извонредна убавина што му доликуваше на легендата на светскиот фудбал.

Имено овој гол од страна на ФИФА беше прогласен за „Гол на векот“.

Светското куп (Мундијалот) во 1990 година пак, беше разочарување за Марадона.

Аргентина во финалето изгуби од Германија, а Марадона не можеше да ги задржи своите солзи.

Диего Армандо Марадона која заедно со Пеле беше избран за фудбалер на векот, за репрезентацијата на Аргентина на 91 одигран натпревар постигна 34 гола.

Аргентинската ѕвезда, легенда на фудбалот, чија кариера е исполнета со успеси освен доживеани шампионски титули на Купот на УЕФА, Супер купот на УЕФА, италијанскиот Куп, италијанскиот Супер куп, има освоени шампионски титули и во Ла Лига, шпанскиот Куп и Супер куп.

Марадона откако го остави фудбалот својата кариера ја продолжи како технички директор и ја водеше аргентинската репрезентација на Светското првенство во 2010 година.

Поради смртта на Диего Армандо Марадона кој се прифаќа како еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во Аргентина е прогласена тридневна жалост. 

Светскиот фудбал е во жалост...



Слични вести