Турција изгуби од Унгарија 2:0

Турција шестиот и последен натпревар од Третата група во Лигата „Б“ во Лигата на нациите на УЕФА го одигра синоќа во гости против Унгарија и изгуби со 2:0

1530333
Турција изгуби од Унгарија 2:0

Турција на шестиот и последен одигран натпревар од Третата група во Лигата „Б“ во Лигата на нациите на УЕФА синоќа изгуби во гости од Унгарија се резултат од 2:0.

Првото полувреме од натпреварот што се одигра на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, заврши без голови 0:0.

Во второто полувреме во 57-мата минута од натпреварот домаќинот Унгарија со голот на Давид Сигер премина во водство од 1:0.

До крајот на натпреварот турската фудбалска репрезентација беше во обид да го изедначи резултатот, меѓутоа Унгарија со доловениот контранапад во 90 + 5-тата минута го сведе резултатот на 2:0 со што заврши и мечот.

На вториот одигран натпревар во истата група Србија ја победи Русија со убедлив резултат од 5:0.

По овие добиени резултати Унгарија ги заврши групните натпревари на чело на табелата со освоени 11 поени и се пласира во Лигата „А“.

Второпласираната Русија со 8 поени и третопласираната Србија со освоени 6 поени ќе продолжат во Лигата „Б“.

Турција пак, која со освоени 6 поени се најде на последното место во групата отпадна во Лигата „Ц“.

Редоследот на табелата помеѓу Србија и Турција чиј број на освоени поени и постигнатите голови на меѓусебните одиграни натпревари се еднакви, беше определен со бројот на постигнатите голови во гости.

На тој начин Србија со предноста од двата постигнати гола против Турција во гости се пласира на третото место, а Турција се најде на последното место на табелата.



Слични вести