Фудбалскиот натпревар меѓу Унгарија и Турција ќе се емитува на ТРТ 1

Турција со 6 бодови е на третото место во третата група на Б Лигата на нации

1530017
Фудбалскиот натпревар меѓу Унгарија и Турција ќе се емитува на ТРТ 1

 

Денес фудбалска репрезентација на земјава во рамките на шестиот и последен натпревар во 3-та група на Б Лигата на нациите на УЕФА во гости ќе игра против репрезентацијата на Унгарија.

Натпреварот што ќе се игра на стадионот Арената Пушкаш ќе започне во 22.45 часот според турско време ќе се пренесува во живо на екраните на ТРТ 1.

Главен судијата на натпреварот ќе биде Иван Кружлиак од Фудбалската федерација на Словачка. Помошниците на Кружлиак ќе бидат Томаш Сомолани и Бранислав Ханчко од истата земја.

На другиот натпревар од групата Русија ќе и гостува на Србија.

Во третата група Русија е лидер со 8 поени и предност пред последните натпревари.

Унгарија со исти бодови се наоѓа на второто место.

Турција со 6 бодови е на третото место во групата, додека Србија со 3 бода на последно место.

Турските репрезентативци ако ја победат репрезентацијата на  Унгарија и ако Русија во гости во Србија загуби бод, тогаш постои шанса групата да ја заврши како лидер и да се искачи во А-лигата.



Слични вести