Турција ја совлада Русија со 3-2

Петтото коло на Лигата на нациите на УЕФА заврши со 17 натпревари

1528489
Турција ја совлада Русија со 3-2

 

Петтото коло на Лигата на нациите на УЕФА заврши со 17 натпревари.

Петтото коло на организацијата на ниво на репрезентации на УЕФА заврши со 17 одиграни натпревари во лигите А, Б и Ц.

Турција на натпреварот во 3-та група во Б лигата беше домаќин на руската репрезентација и извојува победа од 3-2.

Репрезентацијата на Белгија на натпреварот со Англија во 2-та група на А лигата на домашен терен со головите на Јури Тилеманс во 10-та минута и со голот на Дрис Мертенс во 23-та минута извојува победа од 2-0.

Холандија на натпреварот во рамките на 1-та група на А Лигата, со головите на Георгинио Вијналдум во 6-та и 13-та минута и Мемфис Депај во 55-та минута ја победи Босна и Херцеговина со 3-1. Единствениот погодок за гостинскиот тим го постигна Смаил Превљак во 63-та минута.

На другиот натпревар во групата, Италија ја победи Полска со 2-0 со головите на Жоржињо од пенал во 27-та минута и Доменико Берарди во 83-та минута.

Резултатите од натпреварите се како што следува:

А Лига

1. група :

Холандија - Босна и Херцеговина: 3-1

Италија - Полска: 2-0

2. група:

Белгија - Англија: 2-0

Данска - Исланд: 2-1

Б лига

1. група:

Австрија - Северна Ирска: 2-1

2 Група:

Словачка - Шкотска: 1-0

Чешка - Израел: 1-0

3. група:

Турција - Русија: 3-2

Унгарија - Србија: 1-1

4. група:

Велс - Република Ирска: 1-0

Бугарија - Финска: 1-2

Ц лига

2. Група:

Северна Македонија - Естонија: 2-1

Грузија - Ерменија: 1-2

3. Група:

Молдавија - Грција: 0-2

Словенија - Косово: 2-1

4. Група:

Албанија - Казахстан: 3-1

Белорусија - Литванија: 2-0

Натпреварот меѓу Романија и Норвешка беше откажан поради новиот тип на епидемија на коронавирус (Ковид-19).

Натпреварите на шестото и последно коло во лигата ќе се одиграат на 17 и18 ноември.



Слични вести