Луис Хамилтон победи на Големата награда на Турција: Ја освои седмата шампионска титула во Формула 1

На трката во Формула 1 за ДХЛ Големата награда на Турција којашто се возеше денеска во Истанбул победи британскиот пилот на тимот на Мерцедес Луис Хамилтон кој на три трки пред крајот на сезоната ја прогласи својата седма шампионска титула

1528081
Луис Хамилтон победи на Големата награда на Турција: Ја освои седмата шампионска титула во Формула 1

Британскиот пилот на тимот на Мерцедес Луис Хамилтон, победи на трката ДХЛ за Големата награда на Турција во Формула 1.

Хамилтон на трката која се возеше во 58 круга на пистата „Intercity İstanbul Park“ пристигна прв до карираното знаме и на три трки пред крајот на сезоната ја прогласи својата седма шампионска титула.

Второто место на трката го освои мексиканскиот пилот на тимот на Рајсинг Поинт Серџио Перез, а трет беше германскиот пилот на Ферари Себастијан Ветел.

 



Слични вести