Турција дома играше нерешено со Србија 2:2

Турската фудбалска репрезентација на натпреварот што го одигра синоќа против Србија во Третата група во Групата „Б“ во Лигата на нациите губеше со 0:2, а потоа го изедначи резултатот на 2:2

1509531
Турција дома играше нерешено со Србија 2:2

Турција на четвртиот натпревар од Третата група во Групата „Б“ во Лигата на нациите, синоќа играше дома против Србија.

Турската фудбалска репрезентација на натпреварот губеше со 0:2, а потоа го изедначи резултатот на 2:2.

На натпреварот што се одигра на стадионот "Турк Телеком" во 21. минута со голот на Милинковиќ-Савиќ Србија премина во водство од 0:1.

Во 48. минута од натпреварот Милинковиќ од гостинската репрезентација во дуел со Окај Јокушлу внатре во казнениот простор остана на земјата и бугарскиот судија Георги Кабаков пресуди пенал.

Голот од пенал во 49. минута од натпреварот го постигна Александар Митровиќ разликата се зголеми на два гола.

Но потоа во 56. минута од натпреварот со голот на Хакан Чалханоглу резултатот беше сведен на 1:2, а во 76. минута со голот на Озан Туфан резелтатот беше изедначен на 2:2.

Во 90+1 минута од натпреварот Бурак Јилмаз од добиениот втор жолт картон доби црвен картон и ја напушти играта.

На тој начин натпреварот помеѓу Турција и Србија заврши нерешено 2:2.

Во вториот натпревар во истата група Русија и Унгарија исто така играа нерешено без голови 0:0.

По овие добиени резултати во Третата група во Групата "Б" во Лигата на нациите продолжува да води Русија со освоени 8 поени. На второ место е Унгарија со 7 поени, на трето Турција со 3 поени и на четврто место Србија со 2 поени.

Петтите натпревари во групата ќе се одиграт на 15 ноември помеѓу Турција-Русија и Унгарија-Србија.



Слични вести