Младите турски одбојкарки го освоија второто место на Европското првенство во одбојка до 17 години

Турската одбојкарска репрезентација во финалето на Европското првенство во одбојка до 17 години чиј домаќин беше Црна Гора изгуби од Русија и го освои второто место

1506368
Младите турски одбојкарки го освоија второто место на Европското првенство во одбојка до 17 години

Младите одбојкарки на Турција „Султанките на мрежата“ го освоија второто на Европското првенство во одбојка до 17 години.

Турската одбојкарска репрезентација во финалето на првенството чиј домаќин беше Црна Гора играше против Русија.

Турските одбојкарки натпреварот што се одигра во спортската сала „SC Verde“ го започнаа добро и првиот сет го добија со резултат од 25:20.

Потоа Русија со ефикасните сервиси ги доби вториот сет со 25:16 и третиот сет со 25:12.

Турските одбојкарки во четвртиот сет направија помалку грешки и презентираа добра борба против своите руски противнички, меѓутоа во последниот дел од сетот руските одбојкарки беа поефикасни и добивајќи го и овој сет со резултат од 25:23 извојуваа победа од 3:1 во сетови и станаа европски шампионки.

Младите турски одбојкарки кои во својата елиминациона Прва група со извојувани 5 победи од 5 одиграни меча без пораз потоа во полуфиналето ја елиминираа и Србија, во финалето изгубија од Русија и го освоија второто место закитувајќи се со сребрен медал на Европското првенство во одбојка до 17 години.

Министерот за спорт и младина Мехмет Мухаррем Касапоглу и честита на турската одбојкарска репрезентација која го освои второто место на првенството.



Слични вести