Турција утре вечер (7 октомври, 2020 г.) ќе одигра подготвителен напревар со Германија во Келн

Под раководство на техничкиот директор Шенол Ѓунеш во постројките за камп и тренинг на репрезентацијата “Хасан Доган“ на Турската фудбалска федерација (ТФФ) се одржа тренинг затворен за медиумите

1503485
Турција утре вечер (7 октомври, 2020 г.) ќе одигра подготвителен напревар со Германија во Келн

Турската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за подготвителниот натпревар на кој ќе и гостува на Германија на 07 октомври (утре вече) во Келн.

Под раководство на техничкиот директор Шенол Ѓунеш во постројките за камп и тренинг на репрезентацијата “Хасан Доган“ на Турската фудбалска федерација (ТФФ) се одржа тренинг затворен за медиумите.

На тренингот учествуваа сите фудбалери кои беа повикани за кандидатскиот кадар на репрезентацијата.

По вежбите за згаревање на тренингот се стоеше на подавање и на тактички надигрувања на тесен простор.

Турската репрезентација која е во камп во постројките во Рива во Истанбул, денеска ќе замине за градот Келн.

Турција утре вечер (07 октомври 2020, среда) ќе го одигра подготвителниот натпревар со Германија, а потоа на 11 октомври во недела вечер во Групата „Б“ во Лигата на Нациите на УЕФА ќе и гостува на Русија.

По овој меч, турската фудбалска репрезентација на 14 октомври, во среда вечер, ќе ја пречека во Истанбул Србија.



Слични вести