Супер купот на УЕФА го освои Баерн Минхен, Севиља изгуби во продолжетоците

Супер купот на УЕФА го освои германски Баерн Минхен кој во финалето играше против шпанска Севиља

1496984
Супер купот на УЕФА го освои Баерн Минхен, Севиља изгуби во продолжетоците

Супер купот на УЕФА го освои Баерн Минхен...

За трофејот број еден играа шампионот на Лигата на шампионите германски Баерн Минхен и шампионот на Лига Европа на УЕФА шпанска Севиља.

Натпреварот се одигра на стадионот „Пушкаш Арена“ во главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Мечот го гледаа на стадионот приближно 20 илјади љубители на фудбалот, под преземени мерки против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во 13-тата минута од натпреварот шпанската екипа Севиља доби пенал и со голот на Лукас Окампос премина во водство од 1:0.

Не доцнеше одговорот на германски Баерн Минхен кој со голот на Леон Горецка во 34-тата минута од натпреварот го изедначи резултатот на 1:1.

Регуларните 90 минути од натпреварот завршија нерешено по што се одеше на продолжетоци.

Конечно во 104-тата минута победоносниот гол за Баерн Минхен пристигна од Чави Мартинез.

На тој начин германски Баерн Минхен го победи својот противник шпанска Севиља го освои Супер купот и го однесе трофејот во својот музеј.

Баерн Минхен кој по петти пат игра во финалето на Супер купот досега успеа да го освои овој трофеј по втор пат.



Слични вести