На мечот Турција-Србија во Лигата на нациите нема победник 0:0

Натпреварот помеѓу Турција и Србија во Третата група од Лигата „Б“ во Лигата на нациите на УЕФА се одигра во Белград и 90-те минути од мечот завршија без голови нерешено 0:0

1485907
На мечот Турција-Србија во Лигата на нациите нема победник 0:0

Турската фудбалска репрезентација својот втор натпревар во Третата група од Лигата „Б“ во Лигата на нациите на УЕФА, го одигра синоќа во гости против Србија.

Натпреварот заврши нерешено без голови со што Турција својот прв поен го освои во Белград.

Натпреварот се одигра на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград (поранешниот стадион на Црвена Ѕвезда, популарно познат како Маракана) и 90-те минути од мечот завршија без голови нерешено 0:0.

Во 49-тата минута српскиот фудбалер Александар Коларов го доби вториот жолт картон и беше исфрлен од игра.

Со овој нерешен резултат без голови Турската фудбалска репрезентација го освои својот прв поен во групата.

Турција на првиот одигран меч изгуби на домашен терен од Унгарија со 0:1.

Во вториот одигран натпревар синоќа во истата група, Русија ја победи Унгарија во гости со резултат од 2:3.

На тој начин Русија со освоени 6 поени од два одиграни натпревари се искачи на лидерската позиција во групата, а на второ место е Унгарија со освоени 3 поени.

Турската фудбалска репрезентација својот трет натпревар во Третата група од Лигата „Б“ во Лигата на нациите на УЕФА, ќе го одигра на 11 октомври во гости против Русија.



Слични вести