Турција Лигата на нациите ја започна лошо и изгуби од Унгарија со 0:1

Турција на синоќешниот прв натпревар во Лигата на нациите на УЕФА изгуби од Унгарија со резултат од 0:1

1484876
Турција Лигата на нациите ја започна лошо и изгуби од Унгарија со 0:1

Турција првиот натпревар во Третата групс6оф Лигата „Б“ во Лигата на нациите на УЕФА, го одигра против Унгарија.

На мечот што се одигра на стадионот „Бахчешехир колеџ 4 септември“ во градот Сивас, турската фудбалска репрезентација изгуби со 0:1.

Во првото полувреме немаше гол и заврши со 0:0.

Во второто полувреме пак, во 80-тата минута на сцената стапи унгарскиот фудбалер Собозлаи и гостинската екипа Унгарија премина во водство од 0:1. 

Во остантите минути немаше друг гол и Турција на првиот одигран натпревар во Лигата на нациите на УЕФА беше поразена со 0:1.

Техничкиот директор на турската фудбалска репрезентација Шенол Ѓунеш по поразот од Унгарија го рече следното: „Останавме под нашиот потенцијал и поединечно и екипно. Лоша игра и лош резултат...“

Техничкиот директор на Унгарија Марко Роси пак, по натпреварот рече: „Турција располага со многу силна екипа, радосни сме за победата.“



Слични вести