Мечот Турција-Унгарија во Лигата на нациите на УЕФА вечерва во живо на екраните на ТРТ

Турската фудбалска репрезентација во рамките на Лигата на нациите на УЕФА вечерва во 21:45 часот по турско време ќе ја пречека на свој терен Унгарија

1484063
Мечот Турција-Унгарија во Лигата на нациите на УЕФА вечерва во живо на екраните на ТРТ

Турската фудбалска репрезентација вечерва стапува на сцена во Лигата на нациите на УЕФА  и ова воодушевување ќе се доживее на екраните на ТРТ (Турската радио и телевизија)...

Турција во рамките на натпреварите во Третата Група од Лигата „Б“ во Лигата на нациите на УЕФА, вечерва ќе ја пречека на свој терен Унгарија.

Натпреварот ќе се одигра на сатионот Бахчешехир колеџ 4 септември во градот Сивас, ќе започне вечерва во 21:45 часот по турско времеи ќе се емитува во живо на екраните на телевизискиот канал ТРТ 1.

Судија на натпреварот ќе биде Артур Диас од Фудбалската федерација на Португалија, а негови помошници ќе бидат Руи таварес и Пауло Соарес.

Четврти судија пак, ќе биде Хуго Мигуел.

Вториот натпревар во Третата Група од Лигата „Б“ во Лигата на нациите на УЕФА, Русија вечерва ќе ја пречека Србија.

Турската фудбалска репрезантација, на 6 септември во недела вечер својот втор натпревар ќе го одигра со Србија во гости.

 

 



Слични вести