Баерн Минхен шампион во Лигата на шампионите

Германски Баерн Минхен во големото финале во Лигата на шампионите го победи француски Париз Сен-Жермен со 1:0 и по шести пат во својата историја го освои најпрестижниот клубски трофеј на Европа

1477850
Баерн Минхен шампион во Лигата на шампионите
2020-08-23T223056Z_2147392164_RC2XJI97U8FN_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-BAY-PSG-REPORT.JPG
Bayern Munich.JPG
coman.JPG
2020-08-23T223041Z_515794976_RC2XJI93FXHA_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-BAY-PSG-REPORT.JPG

До среќен крај во Лигата на шампионите на УЕФА стигна Баерн Минхен...

Германската екипа во финалето играше против француски Париз Сен-Жермен.

Во првото полувреме на финалниот меч што се одигра на стадионот Луз во главниот град на Португалија Лисабон, и двете екипи не можеа да ги искористат шансите и да постигнат гол.

Париз Сен-Жермен кој за прв пат во својата историја игра во финалето на Лигата на шампионите, како најголемо и најврвно фудбалско натпреварување во Европа, не можеше да ги претвори во гол стопроцентните шанси што ги долови со Мбапе и Ди Марија.

На ист начин во првото полувреме не можеше да постигне гол во укажаните стопроцентни шанси и Баерн Минхен со желба по шести пат да стане шампион на Европа.

Натпреварот поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одигра без гледачи, додека екипата која почна подобро во второто полувреме беше Баерн Минхен која во 59-тата минута со голот на Кингсли Коман премина во водство од 1:0.

Откако во преостанатите минути од мечот немаше гол од Париз Сен-Жермен, Баерн Минхен по шести пат во својата историја стана најголем во Европа и ја освои шампионската титула.

Баерн Минхен по пауза од 7 години повторно стана шампион во Лигата на шампионите на УЕФА, а воедно со извојувани победи на сите одиграни 11 меча во текот на турнирот фрли потпис и на еден голем успех.



Слични вести