Извлечени ждрепките за учество на турските женски кошаркарски екипи во сезоната 2020-2021

Турските женски кошаркарски екипи на Галатасарај и Фенербахче Ознур Кабло ќе учествуваат во Европската лига на ФИБА

1471195
Извлечени ждрепките за учество на турските женски кошаркарски екипи во сезоната 2020-2021

Извлечени ждрепките за учество на турските женски кошаркарски екипи на куповите на Европската лига (EuroLeague) и Европскиот куп (EuroCup) на ФИБА во сезоната 2020-2021

Турските женски кошаркарски екипи на Галатасарај и Фенербахче Ознур Кабло ќе учествуваат во Европската лига на ФИБА.

Исто така и екипата на Измит Беледијеспор преку квалификационите натпревари ќе се обиде да се стекне со право на приклучување во првенството.

Во меѓувреме, клубовите кои ќе учествуваат на квалификациите, согласно правилата на конференцијата, ќе бидат поделени на две категории од аспект на географската близина.

Според тоа, екипата на Измит Беледијеспор ќе игра против унгарскиот противник Алуинвент ДВТК Мисколц.

Во случај Измит Беледијеспор биде елиминиран од страна на противникот, на патот ќе продолжи во Европскиот куп на ФИБА.

Во Европскиот куп на ФИБА во име на Турција се натпреваруваат екипите на Адана Бујукшехир Беледијеспор, Белона Кајсериспор Баскетбол, Биревим Елазиг Ил Озел Идаре, Хатај Бујукшехир Беледијеспор иОГМ Орманспор.

Извлекувањето на ждрепките за учество на куповите ќе се одржи на 17 август понеделник во германскиот град Минхен.



Слични вести