Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со петтата трка во Велика Британија

Петтата трка на Светското првенство во Формула 1 ќе се вози во Велика Британија на 9 август во 16:10 часот по турско време во недела

1468766
Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со петтата трка во Велика Британија

Воодушевувањето во Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи петтата трка на сезоната којашто ќе се вози во Велика Британија.

Петтата трка на календарот во 2020 година којшто поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е ревидиран, ќе се одржи на пистата Силверстоне  долга 5,8 километри во областа Нортхамтоншир во Велика Британија.

Возењето за квалификации од 52 круга во Велика Британија која беше домаќин и на четвртата етапа, ќе започне утре во 16:00 часот по турско време.

Трката ќе се вози на 9 август во недела во 16:10 часот по турско време.

Од друга страна, шестата трка на сезоната ќе се вози на 16 август во Шпанија.

Луис Хамилтон, пилотот на екипата на Мерцедес која се наоѓа на лидерската позиција се искачи на врвот на пиедесталот 3 пати, а неговиот колега Валтери Ботас еднаш.

Првите 5 места во класификација на пилоти и екипи пред Гран Прито на Велика Британија изгледаат вака:

Класман на пилоти

1. Луис Хамилтон (Велика Британија): 88 поени

2. Валтери Ботас (Финска): 58 поени

3. Макс Верстапен (Холандија): 52 поени

4. Ландо Норис (Велика Британија): 36 поени

5. Шарл Леклерк (Монако): 33 поени 

Класман на екипи

1. Мерцедес: 146

2. Ред Бул: 78

3. Мекларен: 51

4. Ферари: 43

5. Рајзинк Поинт: 42



Слични вести