Медипол Башакшехир за прв пат стана шампион во фудбалската Супер лига на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му честита на фудбалскиот клуб Медипол Башакшехир кој ја освои својата прва шампионска титула во Спор Тото Супер Лигата на Турција во сезоната Џемил Уста 2019/2020

1457982
Медипол Башакшехир за прв пат стана шампион во фудбалската Супер лига на Турција

Медипол Башакшехир на синоќешниот одигран натпревар од 33-тото коло во Супер Лигата на Турција го победи Хес Кабло Кајсериспор со резултат од 1:0 и на една недела од завршување на фудбалската сезона 2019/2020 ја прогласи својата шампионска титула.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му честита на фудбалскиот клуб Медипол Башакшехир кој ја освои својата прва шампионска титула во Спор Тото Супер Лигата на Турција во сезоната Џемил Уста 2019/2020.

Претседателот Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објави со пораки со честитка во која го напиша следното: „Од се срце им честитам на фудбалскиот клуб Медипол Башакшехир шампионот во Супер Лигата  во сезоната Џемил Уста 2019/2020 и на неговите навивачи.“

Во својата втора споделена објава, претседателот Ердоган напиша: „Заедно со шампионот Медипол Башакшехир им благодарам на сите наши екипи кои со својата борба којашто ја презентираа во оваа тешка сезона и со оној конкурентски-натпреварувачки дух истовремено го презентираа и обединувачкиот дух на фудбалот, на сите поединечно им посакувам успех.“

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп исто така во споделчената објава со честитка на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „И честитам на фудбалската екипа Медипол Башакшехир која Супер Лигата на Турција во сезоната Џемил Уста 2019/2020 ја заврши освојувајќи ја шампионската титула, како и на сите наши екипи кои водеа борба во тешки услови на епидемијата на Ковид-19.“

Честитка до Медипол Башакшехир за освоената шампионска титула во фудбалската Супер лига во сезоната 2019/2020 пристигна и од министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу. 



Слични вести