Позната програмата на мечевите на турските одбојкарки на Олимписките игри Токио 2020, во 2021 година

Турските одбојкарки на Олимписките игри Токио 2020 кои се одложени за 2021 година ќе играат во Групата "Б" против последниот олимписки шампион Кина, САД, Аргентина, Италија и Русија

1457439
Позната програмата на мечевите на турските одбојкарки на Олимписките игри Токио 2020, во 2021 година

Соопштена програмата на натпреварите на женската одбојкарска репрезентација на Турција која ќе учествува на Олимписките игри Токио 2020 кои поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одложени за 23 јули-8 август 2021 година.

Според објавеното соопштение од одбојкарската федерација на Турција, турските одбојкарки со полумесечина и ѕвезда ќе се натпреваруваат во Групата Б и нивни противници ќе бидат последниот олимписки шампион Кина, Соединетите Американски Држави (САД), Аргентина, Италија и Русија.

Програмата на натпреварите на женската одбојкарска репрезентација на Турција (Султанките на мрежата), според турско време е вака:

25 јули, 2021 година: 10:25 Кина-Турција

27 јули, 2021 година: 10:25 Италија-Турција

29 јули, 2021 година: 15:45 САД-Турција

31 јули, 2021 година: 08:20 Аргентина-Турција

2 август, 2021 година: 08:20 Русија-Турција

 



Слични вести