Летните младински Олимписки игри (ЛМОИ) 2022 поради Ковид-19 одложени за 2026 година

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го прифати предлогот на сенегалскиот претседател Маки Сал Летните младински олимписки игри (ЛМОИ) наместо во 2022 година да се одржат во 2026 година

1455998
Летните младински Олимписки игри (ЛМОИ) 2022 поради Ковид-19 одложени за 2026 година

Летните младински Олимписки игри (ЛМОИ) 2022 чиј домаќин ќе биде Сенегал поради Ковид-19 се одложени за 2026 година.

Во објавеното соопштение од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) се истакнува дека е прифатен предлогот на сенегалскиот претседател Маки Сал „Летните младински Олимписки игри (ЛМОИ) наместо во 2022 година да се одржат во 2026 година“.

Во соопштението се истакнува дека земајќи ги во предвид пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и финансиските фактори е одлучено Летните младински олимписки игри (ЛМОИ) 2022 година да се одржат во 2026 година во главниот град на Сенегал, Дака.

 



Слични вести