Во Истанбул започна мотоциклистичка трка 15 јули, Ден на демократијата и националното единство

Мотоциклистите „Трката 15 јули, Ден на демократијата и националното единство“ ја започнаа во 06.00 часот

1455476
Во Истанбул започна мотоциклистичка трка 15 јули, Ден на демократијата и националното единство

Во Истанбул започна мотоциклистичка трка „15 јули, Ден на демократијата и националното единство“ која се одржува од страна на Мотоциклистичката федерација на Турција.

Вљубениците во мотоциклите се собраа на Мостот на шехидите 15 јули и од тука во конвои тргнаа за Анкара.

Мотоциклистите кои „Трката 15 јули, Ден на демократијата и националното единство“ ја започнаа во 06.00 часот, поминувајќи ги Коџаели, Сакарја, Дузџе и Болу ќе учествуваат на церемонијата што ќе се одржи пред Командата на специјалните сили во Анкара.

По комеморацијата во Анкара, конвојот ќе тргне на пат за Бор кај Нигде каде што се наоѓа гробот на шехидот Омер Халисдемир.



Слични вести