На втората трка во Формула 1 шампионатот во Австрија победи Луис Хамилтон

На втората трка во Формула 1 шампионатот во Австрија победи британскиот пилот на Мерцедес Луис Хамилтон, а второто место го освои неговиот тимски колега финскиот пилот Валтери Ботас

1454057
На втората трка во Формула 1 шампионатот во Австрија победи Луис Хамилтон

Првото место на австриското Гран-при, втората трка на Светскиот шампионат на Формула 1 за 2020, го освои пилотот на тимот на Мерцедес од Велика Британија Луис Хсамилтон. 

Втората трка на сезоната во Формула 1 за која се очекуваше да започне во месец март во Австрија, но поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) организаторите донесоа одлука за одложување и откажување на голем број трки, се возеше на 4,3 километарската писта „Ред Бул Ринг“ од 71 тура, во градот Спиелберг кадешто се возеше и првата трка.

Во првата рунда на трката се судрија пилотите на Ферари Себастијан Ветел и Чарлс Леклерк со што двајцата пилоти останаа надвор од трката.

Пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон кој на трката стартуваше од пол-позиција, добро ја започна трката и со исклучок на пит-стоповите ја зачува првата позиција и победи на трката со резултат од 1.22.50.683.

На тој начин британскиот пилот во последните 3 сезони по ред на 3 пати, а во вкупно освои 6 шампионски титули. Во оваа сезона ја освои првата победа, а во својата кариера својата 85-та етапска победа.

Тимскиот колега на Луис Хамилтон, финскиот пилот Валтери Ботас, на трката којашто ја започна на четвртото место ги остави зад себе своите противници и со разлика од 13.719 секунди зад првопласираниот го освои второто место. Третото место со разлика од 33.698 секунди зад победникот о освои пилотот на Ред Бул Макс Верстапен, а четврти со разлика од 44.400 секунди беше Александер Албон.

Третата трка на сезоната ќе се вози на 19 јули во Унгарија.

Класманот на пилоти по восењето на втората трка на сезоната австриското Гран-при, изгледа вака:

1. Валтери Ботас (Финска): 43 поени

2. Луис Хамилтон (Велика Британија): 37 поени

3. Ландо Норис (Велика Британија): 26 поени

4. Чарлс Леклерк (Монако): 18 поени

5. Серџио Перез (Мексико): 16 поени

 



Слични вести