По 30 години Ливерпул шампион во Премиер лигата

По поразот на неговиот најблизок ривал Манчестер Сити во гости од страна на Челзи со резултат од 2:1, Ливерпул стигна до шампионската титула на 7 кола пред крајот на сезоната 2019/2020 во Премиер лигата

1443815
По 30 години Ливерпул шампион во Премиер лигата

На 7 кола пред крајот на сезоната во англиската фудбалска Премиер лига, Ливерпул кој чекаше цели 30 години конечно го прогласи својот триумф и стана шампион.

По поразот на неговиот најблизок ривал Манчестер Сити во гости од страна на Челзи со резултат од 2:1, Ливерпул стигна до шампионската титула во сезоната 2019/2020 во Премиер лигата.

На тој начин Ливерпул кој се наоѓа на чело на табелата со 23 поени предност пред Манчестер Сити математички ја загарантира шампионската титула.

Ливерпул како последно стана шампион во Премиер лигата во 1990 година, со што стави крај на својот 30 годишен копнеж и 19-ти пат стана шампион на Англија.

 



Слични вести