Федерер годинава поради повреда не ќе може да игра тенис

38 годишниот тенисер последен пат на тениското игралиште беше виден на 30 јануари на натпреварот на турнирот Австралија опен

1433105
Федерер годинава поради повреда не ќе може да игра тенис

4-от рекет на светот, Швајцарецот Роџер Федерер поради повреда во десното колено не ќе може да игра во преостантиот дел на сезоната во 2020.

Со освоените турнири во самостојна категорија, Федерер важи за тенисер со најмногу освоени Гранд слам шампионски титули. Во февруари Федерер уште еднаш се оперираше од коленото.

Во објавата преку профилот на твитер Федерер истакна:

„Поради лошата состојба во процесот на рехабилитација на десното колено, уште еднаш бев изложен на артроскопска операција. Затоа исто како во 2017 година, така и сега планирам целото време да си го псоветам себеси додека не оздравам и 100 отсто не бидам спремен да играм тенис. Со нетпрение ја очекувам новата сезона во 2021 година и сакам сите да ги видам.“

38 годишниот тенисер последен пат на тениското игралиште беше виден на 30 јануари на натпреварот на турнирот Австралија опен против Новак Џоковиќ, кога беше поразен.



Слични вести