Донација од 100 милиони долари од Мајкл Џордан на борбата против расизмот и социјалната неправда

Животот на црнците е важен. Ова соопштение не е објавено со цел да отвори нови дискусии. Одлучни сме во заштитата и подобрувањето на животот на црномурестите граѓани се додека не се искорени расизмот.

1430704
Донација од 100 милиони долари од Мајкл Џордан на борбата против расизмот и социјалната неправда

Легендарниот кошаркар на американската НБА лига, Мајкл Џордан и марката која што го носи неговото име и личното лого на Џордан, во рок од 10 години ќе донираат 100 милиони долари во борбата против расизмот и искоренувањето на социјалната неправда.

Во период кога и натаму продолжуваат протестите „Животот на црнците е важен“ (Black Lives Matter) во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Лојд кој беше убиен од страна полицаецот на Минеаполис додека беше приведуван, поранешниот кошаркар на НБ лига Мајкл Џордан кој има освоено 6 шампионски титули и неговата истоимена марка и фирма објавија значајна гаранција.

Марката Џордан во објавата преку профилите на социјалните медиуми го објави следното соопштение:

„Животот на црнците е важен. Ова соопштение не е објавено со цел да отвори нови дискусии. Одлучни сме во заштитата и подобрувањето на животот на црномурестите граѓани се додека не се искорени расизмот кој е вкоренет во државните установи и кој предизвикуба несупех на сметка на државата. Со ова соопштение обавуваме дека Мајкл Џордан и марката Џордан во текот на претстојните 10 години ќе донира 100 милиони долари во борбата против расизмот, воспоставувањето на социјалната правда и едукацијата.“



Слични вести