Рафаел Надал сеуште неодлучен во врска со учеството на Американ опен

Не знаеме каква ќе биде состојбата за неколку месеци во Њујорк

1430150
Рафаел Надал сеуште неодлучен во врска со учеството на Американ опен

Вториот рекет на светот Рафаел Надал сеуште неодлучен во врска со учеството на првенството Американ опен кое се планира да се одржи на 24 август во Њујорк.

Шпанскиот тенисер Надал преку видео конференција на интернет одговараше на прашањата на новинарите.

На едно прашање во врска со тоа „Дали ќе учествувате на првенството Американ опен?“ Надал одговори:

„Доколку прашањето го прашавте за овој момент, мојот одговор ќе гласеше не. Но за неколку месеци не знам. Се надевам дека ќе можам да дадам позитивен одговор. Но најпрвин треба да почекаме да добиеме подоверливи податоци за развојот и влијанието на вирусот. Не знаеме каква ќе биде состојбата за неколку месеци во Њујорк.“

Надал во продолжение рече дека Њујорк е едно од местата во светот кое најмногу потапдна под неповолното влијание на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

За одржување на тениските организации во САД или некое друго место, треба добро да се размисли и да се обезбедат поволни услови да не дојде до заразување од вирусот, а исто така да се обезбедат поволни услови за летање на сите учесници, поради што тенискиот свет треба да биде смирен, стпрлив и одговорен.

Како и во многу спортски дисциплини, така и Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) и Женската тениска асоцијација (ВТА) сите планирани организации ги укинаа до крајот на јули.



Слични вести