Диего Коста осуден на казна затвор од 6 месеци

Казната на Коста беше претворена во парична казна и пресметана за секој ден по 100 евра, Коста плати годишна казна од 36 илјади евра

1429650
Диего Коста осуден на казна затвор од 6 месеци

Фудбалерот на шпански Атлетико Мадрид Диего Коста кој има двојно државјанство, односно е државјанин на Бразил и Шпанија, поради затајување на данок беше осуден на казна затвор од 6 месеци.

Коста од страна на Финансиската служба на Шпанија беше обвинет за нерегуларности во плаќањето на данокот предизвикан од рекламните приходи во 2014 година, кога од Атлетико Мадрид изврши трансфер во англискиот клуб Челси, поради што Мадрискиот суд го прогласи за виновен.

Фудбалерот Коста кој се обвинуваше за затајување на данок од 1,1 милијарда евра, беше казнет со казна затвор од 6 месеци, која казна пресметана за секој ден по 100 евра, годишно 36 илјади евра беше претворена во парична казна.

Врз основа на наведените обвинувања Коста пред неколку месеци го исплати даночниот долг од 1 милион 143 илјади 888 евра.

Шпанските медиуми истакнуваат дека по трансферот на Коста од Атлетико Мадирд во Челси, Коста живеалиштето од Мадрид го префрли и во одбраната го инесе ставот дека не подлегнувал на даночната обврска на Шпанија.

Но судот пресуди дека поради 6 месечниот период кога имал договор за рекламата на која излегуваше, неговото живеалиште било во Мадрид, поради што е принудена данокот да го плати на Шпанија.



Слични вести