Реакција од пилотот на Формула 1 Луис Хамилтон до оние кои молчат пред убиството на Флојд во САД

Британскиот пилот на екипата на Мерцедес актуелниот и шесткратен првак во Формула 1 Луис Хамилтон покажа реакција против оние кои молчат пред убиството на црнецот Џорџ Флојд во САД за време на неговото приведување од страна на полицијата

1427261
Реакција од пилотот на Формула 1 Луис Хамилтон до оние кои молчат пред убиството на Флојд во САД

Пилотот на екипата на Мерцедес светскиот првак во Формула 1 Луис Хамилтон покажа реакција против оние кои молчат пред убиството на црнецот Џорџ Флојд во Соединетите Американски Држави (САД) за време на неговото приведување од страна на полицијата.

Британскиот пилот на Формула 1 во објавеното соопштение на својот профил на Инстаграм го напиша следното: „Некои од вас се најголеми ѕвезди, меѓутоа останувате неми во средината на неправдата. Нема ниту еден глас од мојата индустрија како спорт во кој доминираат белците. Јас сум еден од тие кои не се белци (јас сум обоен) и овде стојам сам (сум осамен).“

Велејќи дека расизмот претставува проблем за целиот свет, Хамилтон ја изнесува и следната констатација: „И не само во САД, туку и во Велика Британија, Шпанија, Италија. Треба да се промени начинот на однесување кон малцинствата. Ние не сме родени со расизам и со гнев во срцата, на тоа не научија.“

Актуелниот и шесткратен светски првак на екипата на Мерцедес во Формула 1 Луис Хамилтон напомена дека лично е против насилствата и додаде дека ги поддржува мирољубивите протести.



Слични вести