Баерн Минхен го прегази Фортуна Диселдорф со 5-0

Ајнтрахт Фракфурт во гости извојува победа над Волсвург од 2-1

1426586
Баерн Минхен го прегази Фортуна Диселдорф со 5-0

Германскиот ФК Баерн Минхен во рамките на натпреварите во Првата фудбалска лига (Бундеслига) на домашен терен го победи Фортуна Диселдорф со резултат од 5-0.

Екипата на Баерн Минхен, лидерот на Бундеслигата на натпреварот во 29-то коло на стадинот Алианз Арена беше домаќин на Фортуна Диселдорф кој се наоѓа на прагот на паѓање од лигата.

Со голот на Занка фудбалерот на гостинската екипа во 15-та минута во својот гол, Баерн Минхен прмеина во водство од 1-0. Со головите на Бенјамин Павард во 29-та минута и Роберт Левандовски во 43-та инута, Баеркн Минхен првото полувреме го заврши со резултат 3-0.  

Екипата на Баерн надмоќта на натпреварот ја продолжи и во второто полувреме. Роберт Левандовски во 50-та минута го постигна четвртиот, додека Алфонсо Давиес во 52-та минута го постигна петтиот гол на натпреварот.

Баерн Минхен со оваа победа бодовите ги зголеми на 67, додека Фортуна Диселдорф остана на 27 бодови.

Резултати од останатите вчерашни натпревари на Бундес лигата се наведени доле:

Ајнтрахт Фракфурт во гости извојува победа над Волсвург од 2-1, Хофенхајм во гости ја победи екипата на Мајнц 05 со резултат од 1-0, додека Херта Берлин на домашен терен го победи Аугзбург со резултат од 2-0. Вердер Бремен во гости го победи Шалке 04 со резултат од 1-0.



Слични вести