ФФТ: „Завршија подготовките за започнување на Супер лигата на 12 јуни“

Полуфиналните реванш натпревари на Купот Зираат на Турција ќе се одиграат на 16 и 18 јуни.

1425186
ФФТ: „Завршија подготовките за започнување на Супер лигата на 12 јуни“

Фудбалската федерација на Турција (ФФТ) соопшти дека завршија сите подготовки за започнување на Супер лигата на 12 јуни, која беше прекината поради епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Во соопштението кое беше обајвено од страна на ФФТ беше истакнато дека беше одбиено барањето на 7 клубови оваа сезона да се укине паѓањето од Супер лигата.

На фудбалските екипи кои ќе играат на натпеварите во лигата и куповите во преостантиот дел на сезоната ќе им се даде право на менување по 5 фудбалери на еден натпревар.

ФФТ додаде дека полуфиналните реванш натпревари на Купот Зираат на Турција ќе се одиграат на 16 и 18 јуни.



Слични вести