Поништена сезоната 2019/2020 во европските кошаркарски лиги Евролигата и Еврокупот

Европските кошаркарски лиги Евролигата Туркиш Ерлајнс (Euroleague) и Еврокупот УЛЕБ (Eurocup) коишто беа прекинати поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се поништени и нема да продолжат во оваа сезона

1423347
Поништена сезоната 2019/2020 во европските кошаркарски лиги Евролигата и Еврокупот

Европските кошаркарски лиги коишто беа прекинати поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) нема да продолжат во оваа сезона (2019/2020).

Во тие рамки, се поништени (откажани) Евролигата Туркиш Ерлајнс (Euroleague) и Еврокупот УЛЕБ (Eurocup).

Овие две лиги ќе се сметаат за неодиграни во оваа сезона.

Турската екипа Анадолу Ефес која минатата година беше финалист во Евролигата Туркиш Ерлајнс (ТХЈ), во оваа сезона беше лидер и фаворит .

Евролигата идната сезона ќе продолжи со истите 18 екипи.

Сезоната 2020/2021 ќе започне на 1 октомври онака како што е понапред испланирано.

Во оваа сезона нема да се прогласи шампион.



Слични вести