Ѓоковиќ на тениското игралиште ќе излезе пред август

Од 13 јуни до 5 јули, почнувајќи од Белград ќе се одржи балканскиот туниски турнир Адриа

1422462
Ѓоковиќ на тениското игралиште ќе излезе пред август

Тенисерот Новак Ѓоковиќ кој поради новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) од февруари кога го освои купот на Тениското првенство на Дубаи до денес нема одиграно ниту еден натпревар, рече дека на тениските игралишта ќе излезе пред август, кога се планира да започна професионалните турнири.

Ѓоковиќ во објавата преку профилот на твитер истакна дека „Првата етапа на турнирот Адриа (Јадран) што ќе се одржи од 13 јуни до 5 јули ќе се одигра во Белград. Бескрајно сум благодарен и многу сум возбуден по повод турнирот што ќе го одржиме во знак на поддршка на проектите за поддршка на луѓето во регионот. Наскоро ќе се видиме на тениското игралиште.“

Организацијата којашто се одржува и со поддршка на Фондацијата Новак Ѓоковиќ се состои од 4 етапи.

Турнирот „Адриа“ ќе започне со натпреварите коишто ќе се одржат на 13 и 14 јуни во Белград, ќе продолжи со натпреварите во Хрватка кои ќе се дорќат на 20 и 21 јуни, потоа на 27 и 28 јуни во Црна Гора и на 3 и 4 јули во Босна и Херцеговина. Турнирот ќе заврши со шоу натпреварот што ќе се одржи меѓу Новак Ѓоковиќ и Дамир Џумхур на 5 јули во Сараево.

На турнирот, освен Ѓоковиќ кој има 17 гренд слем титули, ќе учествуваат и светско познатите тенисери како што се Доминик Тием, Григор ДИмитров, Виктор Троицки.



Слични вести