Одложените Олимписки игри Токио 2020 доколку не можат да се одржат и догодина ќе бидат откажани

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах изјави за јапонската новинска агенција „Кјодо“ дека јапонскиот премиер Шинзо Абе нема „Б“ план за Олимписките игри Токио 2020

1421149
Одложените Олимписки игри Токио 2020 доколку не можат да се одржат и догодина ќе бидат откажани

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах соопшти дека доколку Олимписките игри Токио 2020 кои поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одложени за 2021 година не можат да се одложат и наредната година, тие ќе бидат откажани.

 

Според веста на јапонската новинска агенција „Кјодо“, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах во дадената изјава за спортскиот телевизиски канал на британскиот телевизиски канал „BBC Sport“ истакна дека јапонскиот премиер Шинзо Абе не располага со „Б“ план во однос на Олимписките игри Токио 2020 кои се одложени за 2021 година.

„Во еден организационен комитет не можете постојано да вработите 3 илјади или 5 илјади лица. Не можете секоја година да ги променувате спортските календари на федерациите во светски рамки. Не можете да ги оставите спортистите во неизвесност.“ - рече претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах.



Слични вести