Тивко отворена Бундеслигата

Светот внимателно ги проследи натпреварите на Бундеслигата бидејќи беше прва лига која започна во Европа по мерките коишто беа преземени против Ковид-19

1418777
Тивко отворена Бундеслигата

Вчера продолжија натпреварите на Првата фудбалска лига на Германија (Бундеслига) кои кон средината на март беа одложени поради епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Светот внимателно ги проследи натпреварите на Бундеслигата бидејќи беше прва лига која започна во Европа по мерките коишто беа преземени против Ковид-19 и истите беа одржани под строгите мерки на Германската фудбалска лига (ДФЛ).

Освен фудбалерите, судиите и техничките директори, сите останати присутнина стадионот ставија маски на лицети топките беа дезинфиктирани.

На клупите за резревни играчи беше спроведена мерката на социјална дистанца. Резервните играчи на некои натпревари поради недоволен простор и места за седење придржувајќи се кон мерката на социјална дистанца, седнаа позади клупите или на трибините.

Фудбалерите, радоста и возбудувањето по повод постигнатите голови ја споделија без да се прегрнат.

Домаќинот Борусија Дортмунд на натпреварот на денот на стадионот Сигнал Идуна Парк ја победи гостинската екипа Шалке 04 со резултат од 4-0.

Борусија Дортмунд со оваа победа бројот на бодовите го зголеми на 54 и го сочува 2-то место.

Шалке 04 остана на 37 бодови и се врати на 8-мо место на табелата.

Резултатите на останатите натпревари во 26-то коло кои се одиграа вчера се како што следува:

Херта Берлин – Хофенхајм 3-0

Фолфсбург – Аугзбург 2-1.

Натпреварот Лајпциг – Фрајбург заврши нерешено 1-1, а исто така и натпреварот Фортуна Дизелдорф – Падерборн заврши нерешено 0-0.



Слични вести