Етапата на СП на Формула 1 во Белгија ќе се одржи без гледачи

Сезоната на трките на Формула 1 се очекува да продолжи со трката во Австралија на 5 јули

1418596
Етапата на СП на Формула 1 во Белгија ќе се одржи без гледачи

Етапата за Големата награда на Светското првенство (СП) на Формула 1, поради мерките преземени против новиот вид на коронавирусот (Ковид-19)  во Белгија ќе се одржи без гледачи.

Претседателот на Валонската област Елио Ди Рупа рече дека трката за Големата награда која се планирда се одржи на 30 август, ќе се одржи без гледачи.

Минатит месец во земјата поради коронавирусот до 31 август беа забранети сите организации со масовно учество, поради што беше откажана продажбата на билети за трката на пистата Спа-Франкоршам.

Досега поради епидемијата се откажани или одложени 10 етапи од тркрите на Формула 1 во сезоната 2020.

Сезоната на трките на Формула 1 се очекува да продолжи со трката во Австралија на 5 јули.



Слични вести