Руската Премиер лига ќе стартува на 21 јуни

Екипите во Руската Премиер лига до крајот на сезоната ќе имаат право на измена по пет играчи и натпреварите ќе се играат без публика

1418209
Руската Премиер лига ќе стартува на 21 јуни

Руската Премиер лига која околу два месеци беше одложена поради епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) ќе стартува на 21 јуни.

На профилот на твитер на Руската фудбалска федерација беше истакнато дека натпреварите на Премиер лигата и Втората лига кои поради епидемијата беа прекинати на 17 март, ќе се одиграат од 21 јуни до 22 јули.

Екипите во Руската Премиер лига до крајот на сезоната ќе имаат право на измена по пет играчи и натпреварите ќе се играат без публика.

Во текот на натпреварите коишто ќе се одиграат во текот на 4 недели, последните две екипи на крајот на сезоната ќе паднат од лигата.

Првите две екипи на Втората лига коишто ќе ја завршат сезоната ќе се пласираат во Премиер лигата.

Исто така ќе продолжат и натпреварите за Првенствата на Русија и на 25 јули ќе се одигра финалето.



Слични вести