Светското првенство во кошарка 2023 ќе се одржи од 25 август до 10 септември
Светската кошаркарска асоцијација (ФИБА) соопшти дека Светскиот куп ФИБА 2023 (Мундобаскет 2023) ќе се одржи во периодот од 25 август до 10 септември
1415099

Во објавеното соопштение од Светската кошаркарска асоцијација (ФИБА) се истакнува дека Светскиот куп ФИБА 2023 (Мундобаскет 2023) ќе се одржи во периодот од 25 август до 10 септември.
Во соопштението се вели дека датумот на одржување на првенството е утврден во консултација со трите земји домаќини Филипините, Јапонија и Индонезија.
Групните натпревари на првенството коешто се прв пат во својата историја ќе се одржи во повеќе од една земја ќе се одиграат во Филипините, Јапонија и Индонезија, а домаќин на финалниот натпревар ќе биде Манила, главниот град на Филипините.