Фудбалските лиги во Турција ќе започнат на 12, 13 и и 14 јуни

Пехарите ќе ги доделиме на терен. Во август ќе бидеме донаќин на натпреварот на Лигата на шампионите

1412081
Фудбалските лиги во Турција ќе започнат на 12, 13 и и 14 јуни

Фудбалските лиги во Турција кои беа откажани поради новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) ќе започнат на 12, 13 и и 14 јуни.

Претседателот на Фудбалската Федерација на Турција (ТФФ) Нихат Оздемир на прес конференцијата што ја одржа по состанокот на Управниот одбор рече:

„Со поддршка на државата планираме да ја завршиме сезоната.

Натпреварите на лигите планираме да завршат во јули.

Пехарите ќе ги доделиме на терен. Во август ќе бидеме донаќин на натпреварот на Лигата на шампионите.

Досега една недела игравме без гледачи. Имавме можност да видиме дека претстојните натпревари ќе се играат без гледачи.

По седум недели, со играње на некоинатпревари во текот на неделата, лигата планираме да ја завршиме на 25 јули“ претседателот на ТФФ Нихат Оздемир.



Слични вести