Турскиот ФК Трабзонспор започна со тренинзите

Фудбалерите на Трабзонспор со интервали од по еден саат доаѓаат на игралиштето за подготвување, во три групи од по 8 фудбалери вежбаат аеробични вежби на издржливост

1411105
Турскиот ФК Трабзонспор започна со тренинзите

По одложувањето на натпреварите во лигите во целиот свет поради новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), лидерот на Супер лигата на Турција, ФК Трабзонспор повторно почна со тренинзите.

По одложувањето на сезоната на Супер лигата на 19 март поради Ковид-19, фудбалерите на Трабзонспор спортските активности ги рподолжуваа во домашни услови согласно програмата за тренинзи кои што беше препорачана од страна на техничката екипа на клубот.

Фудбалерите на Трабзонспор, согласно точките на Предлог протоколот за враќање кон фудбалот кој беше подготвен од страна на Здравствениот совет на Фудбалската Федерација на Турција, со интервали од по еден саат доаѓаат на игралиштето за подготвување Мехмет Али Јилмаз и под водство на техничкиот директор Хусејин Џимшир, во три групи од по 8 фудбалери вежбаат аеробични вежби на издржливост.

Фудбалерите и техничката екипа тренираат согласно социјалното дистанцирање.

Бордо-сината екипа со тренинзите ќе продолжи и и денес.



Слични вести