Формула 1 трката во Унгарија ќе се одржи на 2 август без гледачи

Поради тоа што владата ги забрани сите организации во земјата со повеќе од 500 учесници, унгарското Гран При за кое се планира да се одржи на 2 август ќе се одржи без гледачи, додека сезоната се очекува да започне со трката во Австрија на 5 јули

1408972
Формула 1 трката во Унгарија ќе се одржи на 2 август без гледачи

Светското првенство на Формула 1 во Унгарија, во рамките на преземените мерки против глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се одржи без гледачи.

Во објавеното соопштение на интернет страницата на Светското првенство на Формула 1 се истакнува дека поради тоа што владата ги забрани сите организации во земјата со повеќе од 500 учесници, унгарското Гран При за кое се планира да се одржи на 2 август ќе се одржи без гледачи.

Инаку, поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во сезоната 2020 досега се откажани или одложени 10 етапи (трки) во Ф1 шампионатот.

Сезоната во Формула 1 се очекува да започне со трката во Австрија што ќе се одржи на 5 јули.



Слични вести