Првата сезона во Формула 1 се очекува да започне на 5 јули

Трката на 19 јули во Велика Бротанија ќе се одржи без публика

1406997
Првата сезона во Формула 1 се очекува да започне на 5 јули

Продолжува неизвесноста околу рокот на започнувањето на најгледаните трки во Формула 1 поради коронавирусот.

Според Чес Кери, еден од високите раководители на Формула 1, сезоната на трките на Формула 1 се очекува да започне со трката во Австрија на 5 јули.

Кери во изјавата за официјалната веб страница на Формула 1, рече дека се планира календар од 15 до 18 трки, изразувајќи надеж дека свеченото отворање ќе се оствари со трката во Австрија.

Чес Кери меѓудругото рече дека по отворањето на сезоната во Европа, до декември ќе се одржат натпревари во Евроазија, Азија и Америка. Сезоната 2020 ќе предвидува да заврши со трката во Абу Даби.

Трката на 19 јули во Велика Бротанија ќе се одржи без публика, рече Кери и  додаде ека првите трки на сезоната најверојатно ќе се одржат без публика.

Во изјавата беше истакнато дека последниот облик на датумите на одржувањето на трките ќе се објави во најскоро време.



Слични вести