УЕФА уште еднаш порача локалните лиги да завршат до крајот на август

УЕФА донесе одлука за предвремена исплата на примањата на клубовите согласно нивните придонеси во репрезентациите

1404703
УЕФА уште еднаш порача локалните лиги да завршат до крајот на август

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) уште еднаш порача дека локалните лиги треба да завршат до крајот на август.

На земјите коишто до предвидениот рок не ќе можат да ги завршат лигите им беше препорачано екипите коишто ќе учествуваат на Европските купови, да ги определат според сегашните бодови или успесите во минатото.

УЕФА донесе одлука за предвремена исплата на примањата на клубовите согласно нивните придонеси во репрезентациите.

Според тоа, УЕФА, 70 милиони евра од предвидените 200 милиони евра за исплата на примањата на клубовите ќе ги префрли на сметките на 676 клубови кои се приврзани кон 55 федерации.

Останатиот дел од 130 милиони евра ќе го распредели пдоцна.

Европското фудбалско првенство кое беше одложено за 2021 ќе се одржи под името ЕВРО 2020.



Слични вести