Австрискиот боксер Вилхелм От стана муслиман

37 годишниот австриски боксер Вилхелм От истакна дека преминал во ислам и станал муслиман

1401392
Австрискиот боксер Вилхелм От стана муслиман

Австрискиот боксер Вилхелм От истакна дека го прими исламот и стана станал муслиман.

37 годишниот боксер во објавеното соопштение преку социјалните медиуми го рече следното: „Беше нешто на кое што мислев долго време, меѓутоа бев имперсиониран од други. За време на карантинот потребната сила ми ја дадоа вредностите на Исламот.“

Вилхелм От сподели видео на кое донесува шехадет (Келиме-и Шехадет), односно сведочење и истакнува дека Аллах му го покажал правиот пат.

Австрискиот боксер истакна дека го импресионирал да стане муслиман еден негов другар Турчин кој му ја подарил светата муслиманска книга Куранот.

Изнесувајќи ги своите чувства коишто ги доживеал, австрискиот боксер Вилхелм От рече: "За тоа што станав муслиман ќе им кажев само на моите другари, меѓутоа помислив дека тоа треба да го знаат соте. Не мислев дека по споделената објава ќе привлечам толку големо интересирање. Поради тоа му се заблагодарувам на исламскиот свет. Ја испраќам мојата срдечна љубов до сите и велам Машаллах."

Вилхелм От исто така додаде дека со нетрпение го чека денот кога ќе почне да посте за време на муслиманскиот месец на постот Рамазан којшто наближува.



Слични вести