Рафаел Надал: „Се наоѓам под неповолното влијание на епидемијата“

Работам доста напорно за да останам во форма

1399905
Рафаел Надал: „Се наоѓам под неповолното влијание на епидемијата“

Шпанскиот рекет Рафаел Надал рече дека се наоѓа под неповолното влијание на епидемијата.

33 годишниот тенисер рече дека од психолошки аспект многу бил загрижен поради епидемијата.

„Информациите коишто ги следам навиститас е застрашувачки и предизвикуваат вознемирување. На почетокот не сакав ништо да правам. Со текот на времто почнав да размислувам.

Стартот на турнирите ќе одзеде доста време.

Ќе треба да патуваме секоја недела. По се изгледа дека во скоро и подолго време ќе биде тешко да се вратам на тениските игралишта“ рече Надал и додаде дека работел доста напорно за да остане во форма.

Како што е познато досега се одложени тениските турнири Вимблдон и Роланд Гарос, додека одлуката за Американ опен се очекува да се прецизира во јуни.



Слични вести