Турскиот фудбалски стручњак Фатих Терим го победи коронавирусот

„Како што ви е познато, веќе еден месец се борам со овој вирус. Веруваjте, нималку не беше лесна задача...“

1399644
Турскиот фудбалски стручњак Фатих Терим го победи коронавирусот

Турскиот фудбалски стручњак и тренер на турскиот прволигаш Галатасарај, Фатих Терим, успешно се опорави од коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Терим се огласи преку пренос во живо на социјалните мрежи. На самиот почеток од својата порака тој изрази сочувство до сите семејства на починатите од коронавирусот, а на оние кои сè уште водат битка со вирусот им посака брзо закрепнување.

„Како што ви е познато, веќе еден месец се борам со овој вирус. Веруваjте, нималку не беше лесна задача. Затоа, во оваа пригода со вас би сакал да ја споделам веста дека по долг процес на лекување мојот тест за коронавирусот денес првпат беше негативен“, рече Терим.

Тој уште еднаш ги повика сите граѓани на одговорно однесување и на максимално почитување на мерките воведени поради спречување на ширењето на коронавирусот.

На популарниот турски тренер, некогашен селектор на репрезентацијата на Турција, познат и по прекарот „император“, на 24 март му беше дијагностициран вирусот Ковид-19.



Слични вести