Почина легендарниот голман Бонети кој беше познат под прекарот „мачка“

Бонети беше еден од најдобрите играчи на сите времиња и една од легендите на ФК Челзи

1396659
Почина легендарниот голман Бонети кој беше познат под прекарот „мачка“

Почина легендарниот голман на Челзи и британскиот фудбал Питер Бонети.

78 годишниот голман Бонети кој беше познат под прекарот „мачка“ ја изгуби битката против болеста со која се бореше подолг период.

Лондонската екипа, на официјалниот профил на твитер објави порака со сочувство за Бонети.

Во пораката беше истакнато: „Бонети беше еден од најдобрите играчи на сите времиња. Почивај во мир и спокојство Питер Бонети.“

Бонети беше една од легендите на ФК Челзи.

Голманот Питер Бонети, 729 натпревари го чуваше голот на британската екипа и го носи епитетот на играч кој најмногу го има облечено дресот.

Бонети беше резерва на голманот Гордон Банкс, репрезентативецот на Британија која во 1966 година го освои Светското првенство во фудбал.



Слични вести